НБА: “Вориорси” го вратија брејкот

Кошаркарите на Голден Стејт го декласираа Кливленд со 103:82 и израмнија на 2-2 во победи во финалната серија од плеј-офот во НБА лигата.

По три возбудливи натпревари, Вориорси лесно славеа во Охајо и ја вратија предноста на домашниот терен пред петтиот меч во недела во Оукленд.

Кари и Игуадала постигнаа по 22 поени за Голден стејт, додека кај Кливленд најефикасен беше Мозгов со 28 поени.

“Офанзивно бевме ужасни, има денови кога нападот едноставно не се појавува на мечот”
– рече Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со 20 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Клучен човек во победата на Вориорси беше Андре Игуадала кој одлично го чуваше Џејмс, а во нападот постигна 22 поени дополнети и со 8 скока, а Стеф Кари имаше 22 поени и 6 асистенции.