НБА: Леброн со пораз се врати “дома”, инцидент во Њујорк

Во центарот на вниманието за време на божиќната програма беше дуелот помеѓу Мајами и Кливленд, односно враќањето на Леброн Џејмс на “местото на злосторот”.

Иако имаше и по некој свиреж, тој одлично беше пречекан од публиката, која знаеше да го награди за моментите кои им ги приреди додека беше член на Мајами Хит.

“Тешко е да се игра во вакви услови. Се навикнуваш да играш обични натпревари, тогаш ќе дојде еден ваков натпревар. Ми беше многу тешко. Беше многу емотивно, овде минав четири години, тие и натаму се мои луѓе. Имав ’пеперутки’ во стомакот”, рекол Џејмс

Сепак, што се однесува до натпреварот, тимот на Мајами не беше толку гостопримлив, победувајќи ги “кавси” со 101:91.

Двејн Вејд беше најефикасен кај домаќините со 31 поен, а одлична партија пружи и Луол Денг со 25 поени. “Кралот” пак, постигна 30 поени и 8 асистенции, но тоа беше недоволно да се совладаат довчерашните соиграчи.

Њујорк и Вашингтон одиграа интересен меч кој го добија „Визардс“ со 102:91.

Меѓутоа, можеби резултатот остана во втор план, откако во последната четвртина физички се пресметаа Ејси Квинси и Џон Вол. Ејси, кошаркар на Њујорк, го удри плејмејкерот на Вашингтон, а тој секако возврати.

Тоа предизвика вистинска мешаница која ја смирија судиите и останатите играчи.

Квинси беше исклучен, додека Вол помина само со техничка грешка.

НБА Резултати:

Њујорк – Вашингтон 91:102
Сан Антонио – Оклахома 106:114
Мајами – Кливленд 101:91
Чикаго – ЛА Лејкерс 113:93
ЛА Клиперс – Голден Стејт 100:86