НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели

„Кирил и Методиј“, „Лав“ и „Девица“ од серијата „Хороскопски знаци“ се кованите пари за колекционерски цели кои денеска се промовираа во НБРМ.

paricki1„НБРМ издаде колекција за нумизматичарски цели за светските и европските пазари,  а малку за домашниот пазар. Интересот на домашниот пазар допрва ќе се тестира. Порано изработувавме јубилејни парички, но не се исти со овие. По овие два хороскопски знаци, ќе следува и изработка на останатите десет,“ изјави гувернерот Димитар Богов.

Кованата пара „Кирил и Методиј“ со апоен од 1000 денари е изработена од сребро и позлата со тежина на среброто.Цената изнесува 49 илјади денари, додека цената на кованата пара „Кирил и Методиј“, со апоен од 100 денари, во стандардно пакување изнесува 3.450,00 денари, а во репрезентативно пакување изнесува 3.800,00 денари.

Кованите пари „Лав“ и „Девица“ чинат 2.700,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели „Кирил и Методиј“, „Лав“ и „Девица“ се законско средство за плаќање во Македонија.Овие ковани пари се уникатни, репрезентативни и со извонредна уметничка вредност и ќе придонесат за промоција на Република Македонија.

На европскиот пазар ќе се продаваат преку компанијата Интернешнал коин хаус од Швајцарија преку нивна дистрибутивна продaжна мрежа. Кај нас, засега ќе се продаваат во Народната банка, а доколку има интерес мрежата може да се рашири во другите банки и златарници.

НБРМ е во преговори и со компанија од САД, па овие ковани пари може да се најдат и на тој пазар.

Изборот на лавот и девицата е поради месецот во кој кованите пари излегуваат во продажба.