среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 60

НБРМ: Кредитирањето на претпријатијата во пораст

Во ноември 2015 година е забележан раст на кредитирањето на претпријатијата. Во последниот извештај на НБРМ се наведува дека вкупните кредити во ноември се повисоки за 7,9 отсто што е над проекцијата во октомври за четвртиот квартал од 7,7 отсто.

denari1

Последни вести

Во ноември 2015 година е забележан раст на кредитирањето на претпријатијата. Во последниот извештај на НБРМ се наведува дека вкупните кредити во ноември се повисоки за 7,9 отсто што е над проекцијата во октомври за четвртиот квартал од 7,7 отсто.

Во однос на септември вкупните кредити се повисоки за 2.503 милиони денари, што претставува 37,2 отсто од проектираниот раст за четвртиот квартал согласно со октомвриската проекција.

Според НБРМ, структурата на кредитирањето во ноември покажува раст на кредитите на претпријатијата наспроти забележаното намалување во претходниот месец и натамошен раст на кредитите на домаќинствата со умерено послаба динамика во споредба со претходниот месец.

Заклучно со ноември е остварен близу 40 отсто од проектираниот кредитен раст за четвртиот квартал.

Остварениот годишен раст на вкупните кредити во целост произлегува од зголемувањето на денарските кредити, додека девизните кредити бележат пад на годишна основа.

Во ноември учеството на нефункционалните кредити забележа умерено намалување во однос на претходниот месец и изнесуваа 11,2 отсто.

Раст, според објавениот извештај, е забележан и кај депозитите, кој во неомври се должи на растот на депозитите на домаќинствата од 42 проценти главно во странска валута. Раст натаму бележат и депозитите на корпоративниот сектор, но забавен споредено со претходниот месец.

На  годишна основа вкупните депозити во ноември се повисоки за 6,5%. Состојбата на вкупните депозити е речиси на ниво на проектираната за крајот на годината што според НБРМ упатува на можно натфрлање на октомвриската проекција за крајот на четвртиот квартал од 3,7 проценти.

Во извештајот стои дека економијата имала раст и во третиот квартал согласно со октомвриската проекција. Носечки сектор било градежништвото, а од аспект на побарувачката, структурата на растот упатува на домашната побарувачка како клучен носител на економскиот раст.

Најчитани вести