НБРМ: Над 250 милиони евра странски инвестиции во 2013-та

Вкупно 251,5 милиони евра странски инвестиции се реализирани во земјава во текот на изминатата година, објави Народната банка на Македонија.

Од тој вкупен износ 147,7 милиони евра се акционерски капитал. Во последниот месец од минатата година, како што стои во извештајот на НБРМ, во земјава се слеани 28,8 милиони евра странски инвестиции.

Според истиот извештај може да се забележи дека во 2012-та година се инвестирани 72 милиони евра странски капитал, додека во 2011-та година тие биле на ниво од над 336 милиони евра.