НБРМ: Ниту едно од решенијата за изгледот на банкнотите не е откупено од Народна банка

Во врска со вестите што се појавија во некои медиуми, а се однесуваат на изгледот на банкнотите што во иднина треба да бидат пуштени во оптек, од Народната банка на Македонија истакнуваат дека не може да се зборува за изгледот на банкнотата во оптек, без притоа Советот на Народната банка да донесе соодветни одлуки.

„Се работи најнапред за Одлуката за издавање банкноти со апоенска вредност од 200 и 2000 денари, понатаму Одлуката за основните белези на банкнотите со апоенска вредност од 200 и 2000 денари и на крајот, Одлуката за пуштање во оптек на банкнотите со апоенска вредност од 200 и 2000 денари. Имајќи предвид дека ниту една од овие одлуки не е донесена, се работи за шпекулација. Ниту едно од решенијата за изгледот на банкнотите што се појавија во наведените вести не е откупено од страна на Народната банка.“, стои во соопштението на НБРМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.