НБРМ организира меѓународна конференција по повод годишнината од монетарното осамостојување

Народната банка на Република Македонија денеска ја организира Четвртата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика“.

Оваа конференција, организирана по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, на едно место ќе ги собере истражувачите од академската заедница и институциите-носители на политиките и ќе обезбеди дискусија базирана врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.

Во рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.