НБРМ останува на проекцијата за раст на БДП од 3,7 проценти за 2014 година

Народната Банка на Република Македонија во најновиот квартален извештај останува на претходните проекти за раст на БДП од 3,7 прценти за 2014 година и 4,4 проценти за наредната година – пренесува МИА.

„Најновите показатели за првиот квартал од 2014 година, како и оценките за идната патека на клучните надворешни и домашни фактори упатуваат на динамика на економскиот раст која не отстапува од претходните очекувања, сметаат од Народната банка и очекуваат дека растот и натаму ќе произлезе од извозната инвестициска побарувачка што соодтветсвува  со оценките за подобрување на надворешното економски опкружување за влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции.

Народната банка очекува солиден придонес кон растот, особено наредната година, од потрошувачката на домаќинствата во услови на постојано подобрување на состојбите на пазарот на работна сила, кредитна поддршка и постабилни очекувања.

Според извештајот на Народната банка инфлацијата во првиот квартал од годинава има забавено темпо кое е произлезено од фактори на страната на понудата, односно од отстапувања во динамиката на светските цени и од нивните пренесени ефекти врз  домашните цени.

Народната банка очекува дека и растот на домашните цени годинава значително ќе забави при што просечната инфлација ќе се движи околу еден процент со претежно надолни ризици.