НБРМ ќе ги конфискува сите пари на кои е пишувано

Народна банка ќе ги конфискува сите пари на кои е пишувано, кои се боени или пак на нив има печат, велат од НБРМ по најавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека во оптек ќе пуштат пари на кои ќе биде ставен печат со натпис „Збогум Никола“.

Шилегов покрена иницијатива преку уништување на банкноти да се прати политичка порака.

Шилегов покрена иницијатива преку уништување на банкноти да се прати политичка порака.
Шилегов покрена иницијатива преку уништување на банкноти да се прати политичка порака.

Портпаролот на СДСМ, адвокатот Петре Шилегов денеска на својот фејсбук профил објави нешто, што како што самиот си кажа, ете му текнало: На секоја банкнота од 100 денари која ќе дојде кај луѓето да напишат „Збогум Никола“ и да ја пуштат во промет.

Во коментари по објавата се појавија 100 денарки и 500 денарки на кои е ставен печат со натпис „Збогум Никола“.

Портпаролот на СДСМ покрена иницијатива преку уништување на банкноти да се прати политичка порака.

„Република“ побара мислење од Народна Банка на РМ – дали намерно оштетување на банкноти е кривично или прекршочно дело.

Во врска со вашето прашање, би сакале да ве информираме дека во член 26 точка 4 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14 и 153/15), е уредено правото на Народната банка да конфискува без надоместок книжни или ковани пари кои се сменети во нивниот надворешен изглед, особено книжни или ковани пари на кои е пишувано, кои се боени, на кои има печати или перфорации или кои се премачкани со леплива материја – велат од НБРМ.

Во Законот на НБРМ стои дека оштетените пари се повлекуваат или уништуваат без надоместок за сопственикот

Народната банка може да одбие да замени книжни и ковани пари ако нивниот дизајн е оштетен, разобличен или перфориран или ако повеќе од 40 отсто од нивната површина недостасува. Овие книжни и ковани пари се повлекуваат или уништуваат без надоместок за сопственикот, освен ако постои доказ дека деловите што недостасуваат се целосно уништени, па тогаш Народната банка одобрува целосен или делумен надоместок. Народната банка не дава надоместок за книжни или ковани пари што се изгубени, украдени или целосно уништени. А може да конфискува без надоместок книжни или ковани пари чиј надворешен изглед е сменет, особено книжни или ковани пари на кои е пишувано, кои се боени, на кои има печати или перфорации или кои се премачкани со леплива материја – пишува во законот.