НБРМ: Потребни конкретни активности за финансиска писменост на населението

Во Република Македонија потребни се конкретни политики, проекти и поголем број едукативни активности за поголема финансиска едукација на возрасното население, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено со мерење на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во државата, кое што Народната банка го спроведе неодамна со финансиска поддршка од Европскиот фонд на Југоисточна Европа

Резултатите од студијата беа претставени на состанок на претставници на регулаторните институции во државава, коишто учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација – Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизја на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

„Добиените резултати од мерењето, како што беше потенцирано на состанокот, не само што им овозможуваат на регулаторните институции јасна и целосна слика за нивото на финансиската писменост на возрасното население коешто живее во Република Македонија, туку, меѓу другото, претставуваат и една од основите за планирањето и опфатот на дел од нивните натамошни активности, а особено во сферата на финансиската едукација на возрасното население“, стои во соопштението од НБРМ.

На состанокот се водела и плодна, сеопфатна дискусија од која произлегоа повеќе предлози за можни заеднички проекти со кои би се подобриле политиките за финансиска едукација во државава.

Мерењето е спроведено во соработка со агенцијата ГФК на примерок од 1.100 испитаници на возраст на 18 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.