НБРМ: Презентација на два истражувачки материјали во рамки на 11-тата сесија на Клубот на истражувачи

Во рамки на 11-тата сесија на Клубот на истражувачи при Народната банка на Македонија ќе бидат презентирани два истражувачки материјали.

Овие материјали се: „Fiscal and Monetary Policy Effects in South Eastern European Economies“ од авторите Горан Петревски, Јане Богоев и Драган Тевдовски и „Increasing labour market activity of poor and female: Let’s make work pay in Macedonia“ од авторите Никица Мојсоска Блажевски, Марјан Петрески и Деспина Петреска.

Клубот на истражувачите е формиран во јули 2011 година, во рамки на активностите за поддршка на развојот на истражувачката и аналитичката работа. Овој клуб е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Согласно со досегашната практика, сесиите на Клубот се одржуваат на тримесечна основа, во март, јуни, септември и во декември. Народната банка има отворен повик до истражувачите за поднесување  сопствен труд до Клубот, вклучително и на оние што се во работна верзија.