НДМ: По оставките во ДИК, Заев да го тргне и неморалниот министер за финасии

Народно движење за Македонија (НДМ) изразува задоволство од оставките на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) поради коруптивното и расипничко трошење на народни пари.

Меѓутоа, во случајот со антинародните бонуси на членовите на ДИК не е доволна само нивна оставка, туку, потребно е премиерот Заев да побара разрешување и на министерот за финансии, се вели во реакцијата на НДМ

Според законот, токму министерството за финансии води регистар на корисниците на буџетските средства, управува со финансиските средства од Буџетот, за што, во негови рамки се основа и трезор кој води евиеденција на сите трансакции на приходите и трошоците на буџетот, ги анализира и оценува предлозите на буџетските корисници за средствата кои им се потребни за плати, а по усвојувањето на буџетот мининистерството за финансии ги известува буџетските корисници за средствата што им се одобрени за плати.

Оттука, министерството за финансии знаело практично се за одобрените буџетски средства за редовни и дополнителни плати на ДИК како буџетски корисник и произлегува дека членовите на ДИК се полакомиле откако министерството за финансии им ги дало парите за непотребно луксузирање врз грбот на даночните обврзници што е длабоко неморален чин од министерот кој раководи со ова министерство.

Затоа, НДМ бара разрешување на министерот за финансии бидејќи вината не е само кај тие што краделе народен имот, туку, и кај тие што им ја одобриле и дозволиле кражбата“, се вели во соопштението на НДМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.