НДМ: Владата го крие од народот договорот со Бугарија, а го дава на увид на странски амбасадори

Народно движење за Македонија (НДМ) го поздравува покажувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија од страна на премиерот Заев барем на затворена седница во Собранието, иако останува непријатното чувство дека договорот сѐ уште се крие од народот.

Меѓутоа, НДМ изразува длабока загриженост од фактот што по обраќањето на Заев во Собранието, во јавноста излегоа францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер кои ја величеа содржината на договорот, спомнуваа спорни точки кои биле надминливи, што одаде впечаток дека овие амбасадори всушност се запознати со содржината на договорот со Бугарија.

„Оттука, недозволиво е македонската влада да го крие договорот со Бугарија од сопствениот народ, а во исто време да го дава договорот на увид на странски претставници во земјата“, велат од НДМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.