НДП поднесе оставки до Собранието и до ДИК

Националната демократска преродба (НДП) на Руфи Османи во Собранието ги поднесе оставките за пратеничкото место што оваа партија го освои на последните парламентарни избори.

Освен Руфи Османи, кој беше носител на листата во шестата изборна единица каде што е освоен мандатот, изјави за откажување поднеле и сите 20 кандидати од листата на оваа партија.

НДП одлучи да прогласи мораториум од 100 дена на целокупната своја политичка активност „во функција на целосна демаскација на политичките парти кои ги манипулираа последните парламентарни избори, надевајќи се дека во овој временски период ќе се врати политичката свест на илјадници Албанци кои во овие избори беа измамени и манипулирани од политичкиот корупциски инженеринг на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“.