Не 72 туку над 80 милиони денари биле приходите на СОНК

Не 72 туку повеќе од 80 милиони денари. Приходите на СОНК во 2013 година изнесувале 80.986.223 денари, покажуваат документите до кои дојде Press24 преку Централниот регистар на Република Македонија.

Синдикатот на просветарите, утрово во писмена реакција заканувајќи се со тужба потенцираше дека вчера објевените информации се „бескрајни лаги“.

„ Раководството  на СОНК, под целосна материјална, морална и кривична одговорност  потврдува  дека на жиро сметка на Советот на СОНК месечно  и тоа повеќе години  наназад, пристигаат по  околу 800 илјади денари, или вкупно на годишно ниво нешто помалку од 10 милиони денари.“ – стои во реакцијата на СОНК испратена утрово.

Иако вчера, пред објавувањето на првичната информација согласно новинарските стандарди и практики и официјално, од СОНК побаравме информации, колкави се приходите од членарината, како се трошат и дали за тоа постојат финансиски извештаи, како и каде би можеле да го најдеме, синдикатот нместо одговор ни поставуваше прашања.

Од таму не прашаа кој закон ни дозволува да ги прашуваме вакви работи и по кој закон ти се обврзани да ни ги дадат.

Еве ги прецизно поставените прашања до СОНК

Ова е одговорот кој го добивме од СОНК

Откако ги објавивме оние информации со кои располагавме, тие испратија реакција и заканувајќи се со тужби изнесоа свои бројки.

Бидејќи СОНК реши да се затвори за јавноста, официјални информации побаравме од Централниот регистар согласно предвидената законска постапка.

a1

Подтоците добиени од Централниот регистар велат дека вкупните приходи во 2013 биле над 80 милиони денари.

a3

Само од членарини во 2013 година СОНК инкасирал 23.672.347 денари.

a4

Докуентацијата се повикува на завршната сметка на СОНК од 2013 година, бидејќи за претходната 2014, СОНК е обврзан да достави завршна сметка во март.

Целокупната документација можете да ја погледнете овде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.