Не чекајте автобус пред Мавровка – стојалиштето времено е укинато

Поради изведување градежни работи времено ќе биде укинато автобуското стојалиште пред ТЦ Мавровка.

Од Град Скопје ги информираат граѓаните дека повикувајќи се на „Одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот“, а согласно на „Измена и дополнување на основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај за време на изградба на надземен пешачки премин – плато над Булевар Гоце Делчев во општина Чаир и општина Центар во Скопје и издадена согласност од Министерството за внатрешни работи, автобуското стојалиште 0417 Т.Ц. МАВРОВКА во правец од Бит Пазар кон Карпош времено е укинато.