Не доживеале да го видат новороденото внуче

Ги видов кога заминаа беа расположени и насмеани. Понесоа работи и поароци за новорденото внуче. Стојан беше позади воланот. Ех, само да знаеа дека ова им беше последно возење.

Со овие зборови соседката на семејството кое во неделата околу 17:30 загина во сообраќајна несреќа на автопатот Белград- Ниш, раскажала истовремено и за радоста и за несреќата на семејството.

Родителите на Стојан како што раскажала таа биле омилени професори, а по празникот планирале да заминат за Белград, каде што живее нивната ќерка која недомна се породила.

Мештаните не веруваат, се присетуваат на некои моменти кога последен пат се виделе и сретнале, се присетувале за што со нив зборувале.

За потсетување, несреќата се случи кога од неутврдени причини автомобилот „ опел корса“ со кој управувал Стојан изгубил контрола и излетал од коловозот, потоа се превртувал неколку пати. Синот и родителите загинале на лице место. За сега се уште не се знае како дошло до несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.