понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 59

Не и е до секс, еве зошто…

Почетокот на менструацијата за многу жени е големо олеснување, бидејќи тогаш завршува фазата на тромавост и раздразливост.

081107-bedroom-refuse-sex_2

Поврзани вести

По овулација желбата за секс станува се помала. Тоа е нормална појава бидејќи во тоа време доаѓа до опаѓање на естрогенот.

Од 1 до 5 ден на циклусот

Во првите денови зголемено е нивото на хормонот естроген кој влијае на расположението. Почетокот на менструацијата за многу жени е големо олеснување, бидејќи тогаш завршува фазата на тромавост и раздразливост.

Од 6 до 8 ден на циклусот

Ова се совршени денови за експериментирање. По завршување на менструацијата, самодовербата на жената е на врвот. Тоа се смета за идеално време да се надомести се што сте пропуштиле додека сте имале менструација.

Од 9 до 14 ден на циклусот

Познато е дека ова време телото се подготвува за овулација. Хормонот естроген е на највисоко ниво, а жената се чувствува прилично заводливо. Имено, токму ова време се смета идеално за водење на љубов.

Од 15 до 19 ден на циклусот

По овулацијата желбата за односи станува се помала. Тоа е нормална појава, бидејќи во тоа време доаѓа до пад на естрогенот, а со тоа и на доброто расположение. Во тоа време на жената најмногу и одговара галење, бидејќи се чувствува привлечно.

Од 20 до 28 ден на циклусот

Ова време се смета за најнезгодно. Период кога жената се чувства нервозно и депресивно. Желбата за односи не постои, но добро е што оваа фаза не е вечна.

Најчитани вести