четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 49

Не е до стресот: Откриен генот виновен за појава на седи влакна

bela kosa

Последни вести

Меѓународна група на научници успеала точно да го одреди генот кој е одговорен за раст на седа коса – наречен ИРФ4, а откритието би можело да резултира со откривање на нов начин кој ќе го пролонгира или спречи овој природен знак на стареење.

Белите влакна не се резултат на стрес, конзумирање премногу алкохол, уживање на никотин или пак недостаток на витамини, како што досега се веруваше.

Научниците утврдиле дека генот ИРФ4 го одредува пигментот на природната боја на косата, кожата и очите. Малку е веројатно дека ИРФ4 е единствениот ген кој влијае врз процесот на растење на седите влакна, но на научниците им пружа можност за нови истражувања.

-Ја откривме алелата (варијанта на ген која често го одредува настанувањето на различни наследни особини), која е предизпозиција за појава на седа коса, вели доктор Кастах Адикари, кој заедно со колеги го спровел истржувањето.

-Прв пат го идентификувавме генот одговорен за настанувањето на седи влакна. Алелата одговорна за седата коса е прво забележана кај Европјаните. Просечната возраст за појава на седи влакна кај белците е околу 35 години, кај Азијците околу 40, а кај Афроамериканците околу 45, вели лекарот.

Генот ИРФ4 им е познат на научниците бидејќи учествува во производството и складирањето на меланинот. Меланинот се создава во меланоцитите на кожата, очите и косата, поради што влијае на нивната боја.

Бојата на косата настанува во меланоцитите сместени во фоликулата или коренот на влакното. Со текот на годините меланоцитите престануват да произведуваат пигмент и косата ја губи природната боја и станува седа.

-Сознанието дека ИРФ4 влијае на појавата на сеи влакна би можело да го измени овој природен процес бидејќи ќе се разгледа можноста за манипулација на генот за да го забавиме процесот, вели Адикари.

 

Најчитани вести