Не е уапсен бившиот директор на ФЗОМ

Поранешниот директор на Фондот за здравство Сашо Стефановски, не е приведен во полициска станица. Информацијата која претходно беше објавено од интернет порталите е неточна.

Стефановски се јави во редакцијата на НетПрес и потенцираше дека воопшто не е точна информацијата дека тој е приведен во полициска станица. Според него очигледно станува збор за тенденциозно пласирање на лажни вести, т.н. „фејк њус“.

Инаку, како што веќе е објавено, утринава уапсени беа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, велешанецот Горан Ангелов, претседател на здружението „Ќосето“, докторот Љубен Арнаудов, пратеникот Крсто Мукоски и пратеничката Жаклина Стефановска и актерот Владо Јовановски.