Не фарбавме, туку седнавме на маса и понудивме решенија

Ние не одбравме да шетаме по улица и да фарбаме и кршиме згради кои што се во Скопје и државните инситуции. Одлучивме да седнеме на маса и да понудиме решенија затоа што видовме дека ѓаволот ја однел шегата, таканаречените реформски зафати што ги прави оваа влада ни „р“ немаат од реформи,  па моравме да седнеме да понудиме наши луѓе кои што имаат знаење и потенцијал па тие закони или документи ги направат реформски за да можеме денеска да добиеме позитивен извештај, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Мицкоски рече дека сегашните министри кои упатуваат пофалби до опозицијата за учество во формирање на реформски закони, пред извесно време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, ги мотивираа луѓето по улиците да ја палат канцеларијата на Претседателот, да кршат и шараат по државните згради, да пишуваат писма во светот кога се емитува државна обврзница а со цел да ги нарушат позициите и да ја зголемат камата. Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го прави тоа.