вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 58

Не ги носете во џеб вашите паметни телефони

tel

Поврзани вести

Сопствениците на паметни телефони би требало добро да размислат пред да го стават мобилниот уред во својот џеб, предупреди германското здружение на потрошувачи.

Причина за ваквото предупредување е тоа што литиум-јонските батерии што ги користат поголемиот број смартфони, се чувствителни на топлина и секоја темпертаура повисока од 35 степени Целзиусови, зналително го скратува нивниот век на траење.

Смартфоните всушност се ладат со помош на циркулација на воздухот, потсетува здружението.

Истата препорака важи и за лап топите, кои можат да се прегреат во недостиг на свеж воздух, па затоа не е паметно кога работиме на нив да ги држиме в скут.

Здружението препорачува дека сите уреди со литиум-јонски батерии треба да се чуваат што подалеку од радијаторите и од другите извори на топлина.

Најчитани вести