„Не ми се верува дека за мене пишуваат толку светски медиуми“

Веќе четврта недела по ред во таблоидните медиуми, но и во оние кои имаат сериозен пристап кон модните и лајфстајл темите, ударните позиции ги заземаат славната Ким Кардашиан и српската ѕвезда, Јелена Карлеуша.

Со споредбена анализа на нивниот изглед се занимаваа речиси сите светски медиуми – повеќе од 1.500 портали, магазини, а во телевизските емисии се зборуваше дека старлетата ја бојадисала косата и станала русокоса селедејќи го стилот по кој е препознатлива Карлеуша. Следеше објава на повеќе архивски фотографии кои медиумите ги наведуваа како доказ за своето тврдење дека Ким ја копира Јелена. Прочуената американска водителка, Венди Вилијамс на српската ѕвезда и посвети дел во својата емисија, а потоа тоа го стори и гледаниот Entertainment chanel!

-И понатаму ми е неверојатно дека за мене пишуваат сите тие медиуми, вели Јелена Карлеуша по завршетокот на снимањето на едиторијалот за Story.