Не минаа резолуциите за Сирија на САД и Русија во Советот за безбедност

© AFP 2018 / Don Emmert

Ривалските американска и руска резолуција во врска со истрагата за наводниот хемиски напад во Сирија не успеаја да обезбедат поддршка во вторникот на итната седница на во Советот за безбедност при Обединетите нации.

Во текот на седницата во вторникот, седум членки на Советот за безбедност гласаа против резолуцијата изготвена од Русија а две се воздржаа, кусо откако Русија веднаш стави вето на резолуцијата изготвена од САД, откако Боливија и Кина се воздржаа а ја поддржаа 12 членки.

Американскиот документ предвидуваше воспоставување нов механизам за истрага на наводните хемиски напади во Сирија. Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензиа, го објасни ветото со тоа што со новата нацрт-резолуција САД „се обидуваат да ги покренат заедничкиот механизам за истрга кој веќе се посрамоти изрекувајќи веќе казна за суверена држава како што е Сирија, без потврдени докази“.

Рускиот дипломат, исто така, истакна дека Вашингтон уште еднаш го става на гласање документ кој не ужива едногласна поддршка на постојаните членки на Советот за безбедност, кои имаат право на вето, во кој се САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција.

„Авторите знаат многу добро дека нацрт-резолуцијата (на САД) е во спротивност со ставот на Русија и дека нема да биде прифатена“, рече рускиот дипломат.

Во нацртот кој го поднесоа САД се зборува дека по проучувањето на извештајот на новата мисија на ОН – UNIMI, Советот за безбедност е должен да изјави дека е прекршена резолуцијата 2118 („За востановување меѓународна контрола над хемиското оружје на Сирија и неговото уништување“’) и да се преземат мерки во согласност со Главата VII од Повелбата на ОН, која ги дефинира активностите доколку е загрозен мирот.

Во Вашингтон сметаат дека оваа нова мисија мора да ја замени групата експерти на агенцијата на светската организација – Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за истрага во случај на примена на хемиско оружје во Сирија.

Рускиот документ, исто така, не доби поддршка, откако не успеа да ги обезбеди неопходните девет гласови. За него гласаа две постојани членки на Советот за безбедност – Русија и Кина, како и непостојаните Етиопија, Казахстан и Боливија. Против документот беа трите постојани членки САД, Велика Британија и Франција, како и Полска. Шесте други држави се воздржаа по рускиот предлог.

Во руската нацрт-резолуција беше предложено Советот за безбедност да усвои резолуција за поддршка на мисија на OPCW на местото на инцидентот во Дума за спроведување на истрагата. Во документот се осудува „секоја примена на отрови супстанции како оружје во Сирија“. Во него, исто така, се поздравува одлуката на генералниот директор на OPCW да испрати меѓународни експерти за истрага во Дума, и се бара наодите од истрагата да бидат објавено „што поскоро“. Исто така, „се бара од сите страни во Сирија без одложување да овозможат слободен и безбеден пристап“ на експертите на OPCW до местото на инцидентот.