Не може да бидеме осудени врз основа на „бомбите“ со кои ни се прекршени човековите права

Поранешните министри, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески на денешното рочиште за случајот „Титаник“ рекоа дека не можат да бидат осудени врз основа на материјали кои произлегуваат од грубо кршење на нивните човекови права, односно што биле нелегално прислушувани од УБК, за што се повикаа на праксата на Судот за човекови права во Стразбур. Тие побараа и да се изврши автентичност на приложените бомби како докази.

Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница оти и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба, рече Јанкулоска.

Јанакиески, пак, рече дека немаат гаранција за потеклото и досегашното ракување со материјалите кои произлегуваат со грубо кршење на човековите права преку незаконско долгогодишно следење на комуникациите, односно се наметнува потребата за идентификација на сите активности околу бомбите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.