Балкан

„Не може да се споредува Крим со Косово“

„Не може да се споредува Крим со Косово“

Не може да се прави споредба меѓу Косово и Крим. Ова е заклучокот од средбата на албанскиот премиер Еди Рама и неговиот романски колега, Виктор Понта, пренесуваат лоалните медиуми. На прес конференција во Тирана двајцата биле прашани дали се согласуваат со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, којја спореди ситуацијата во Крим со онаа на Косово.

„Не, не се согласувам. Мислам дека постојат фундаментални разлики и мислам дека е исклучително важно сите земји во Европската унија да имаат јасна позиција во однос на тоа што несомнено претставува криза во европски план“, изјавил романскиот премиер.