Не му се допаѓала музиката, па го нападнал газдата

Според информации на МВР, во угостителски објект на улицата „Драган Ѓокановски Шпато“, околу 22 часот физички бил нападнат сопственикот на објектот.

Имено, В.К., поради незадоволство од постоечката музика во објектот, физички го нападнал пријавителот удирајќи го со тупаници по главата од кои Ј.Е. паднал на подот и се стекнал со видливи повреди, црвенило и оток на челото, посекотина на носот и гребаница и подлив на тилот.

Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.