Не му се допаѓал идниот зет па ја убил ќерка си и се самоубил

Чедо Јовановиќ од Источна Илиџа ја убил својата четириесетгодишна ќерка Биљана, а потоа се самоубил.

Според неофицијални информации, таткото отишол по ќерката да ја донесе од работа. Девојката седнала во автомобилот, а таткото на патот кон нивната куќа испукал во неа еден куршум.

– Со мртвата ќерка на седиштето во автомобилот се паркирал во гаражата. Ја повикал другата ќерка да дојде во гаражата. Кога стигнала таа видела дека таткото си го одземал животот и телото на сестрата Биљана, кажуваат соговорниците.

Мотив за убиството се најверојатно нарушените фамилијарни односи. Чедо не се согласувал со изборот на маж на Биљана, чија свадба била закажана за 18. септември.