Не очекуваат топли денови

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура од 4 до 10, а дневната температура од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Температурата од 9  до 20 степени.

Во наредните два дена ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време со сончеви периоди. Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува умерен југоисточен ветер а дневните температури ќе бележат благ пораст.