Не очекува магливо утро и ветровит ден

Времето во Македонија ќе биде со магла по котлините и долж Повардарието, а во попладневните часови маглата ќе биде послаба.

Ќе дува и слаб југоисточен ветер. Преку денот времето ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови најпрвин во западните делови од земјата со повремен дожд, а кон крајот на денот и во останатите делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од минус четири до три, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје утре наутро ќе има магла која во попладневните часови ќе биде послаба. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на дожд.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.