Не очекува нестабилно време со пообилни врнежи

Во текот на претстојната ноќ нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, што уште во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд, проследени со грмежи, особено во западните делови.

Утре ќе биде облачно, свежо и врнежливо. На места ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и се очекува локално да наврнат и над 30л/м2. Дневната температура ќе се движи од 20 до 27 степени.

Потоа во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, но во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст и кон крајот на неделата ќе се движи од 29 до 35 степени.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.