Не очекува облачно и магловито попладне

Не очекува облачно попладне. Во котлините и вдолж Повардарието ќе има појава на магла која ќе биде послаба во пладневните часови. Ќе дува слаб јужен ветер. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5,  а во останатите во интервал од 9 до 13 степени.

И утре по котлините и вдолж Повардарието ќе се задржи поинтензивна магла, особено претпладне. Од пладневните часови до четврток наутро ќе има повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во среда преку денот.