Не очекува облачно и врнежливо попладне

Во попладневните часови не очекува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот времето ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат значително повисоки.