Не очекува пеколно топло време

Времето топло и денеска. Претпладне не очекува претежно сончево време, а попладне повторно ќе има локално зголемување на облачноста, особено во источната половина од земјата. Оваа облачност ќе донесе услови за повремен дожд и грмежи. Ветерот ќе дува со умерена брзина, претежно од југоисток.

Максималната температура ќе достигне вредност околу 32°С во поголем дел од котлините низ земјата. Најтопло, околу 35°С ќе биде долж Повардарието, а во Демир Капија и до 37°С
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.