Не очекува топло долго лето

Најновите прогнози на познатата американска метеоролошка фирма „AccuWeather“ за претстојната летна сезона во Европа покажуваат дека во овој дел од континентот ќе биде најтопло, а летото ќе се карактеризира со високи температури и суша.

Метеорологот Тајлер Рос укажува дека кон средината на летото топлотни бранови ќе го зафатат Балканскиот Полуостров, југоисточна Европа и црноморското крајбрежје. Така, оваа година летото ќе биде сосема различно од минатата година, кога беше исклучително дождливо во нашиот регион.