Не очекува топол и сончев ден

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Во крајните северни делови можно е да има  изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.