Не очекуваат сончеви денови

Од денеска времето се подобрува. Во наредните три дена, ќе имаме продолжено лето во октомври, со стабилно, суво и сончево време со максимални дневни температури до 25 Целзиусови степени.

Денеска ќе имаме мала умерена облачност, но главно преку целиот ден ќе биде сончево и топло.
Утре времето ќе биде сончево и топло со температури од 19 до 25 степени, така ќе биде и во петок, а во сабота за еден степен потопло, до 26 Целзиусови степени.