Не очекуваат сончеви и топли денови

Претежно стабилно и топло време со слаб до умерен јужен ветер не очекува во текот на наредните два дена.

Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд, а во недела, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.