Не плаќал данок и го оштетил буџетот за половина милион денари

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против Т.М.(38) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривични дела „оштетување или повластување на доверители“ и „даночно затајување“.

Пријавениот во мај 2013 година како одговорно лице, управител на ДООЕЛ „ Фауст графика“ од Македонска Каменица со намера да ги избегне даночните обврски по основ на ДДВ, главен долг и дополнително пресметани камати во вкупен износ од 261.205 денари, односно да ја избегне присилната наплата и реализација на залогот, за пет графички машини изготвил фиктивна документација за продажба на правно лице од Македонска Каменица пред воспоставување на залогот. Исто така Т.М. со намера да ги избегне даночните обврски спрема УЈП, како и обврските кон ПИОМ во тековната 2009 година од тековните средства на фирмата користел парични средства за набавка на материјални добра за сопствени потреби и на тој начин го обезвреднувал имотот на друштвото.

Со кривичните дела пријавениот го оштетил буџетот на РМ во вкупен износ од 522.244 денари.