Не постојат причини за кривичен прогон во случајот „Тенк“

Не постојат услови за кривично гонење на ниеден од обвинетете во случајот за набавката на блиндираниот „мерцедес“, изјави во средата адвокатот Димитар Дангов, веднаш откако во скопскиот Кривичен суд беа изречени пресудите во случајот на Специјалното јавно обвинителство познат како „Тенк“ со кои на шест години и шест месеци затворска казна беа определени за Ѓоко Поповски, поранешениот помошник министер за внатрешни работи и две години казна затвор за поранешниот премиер Никола Груевски.

По изрекувањето на пресудата, во изјава за медиумите одбраната истакна дека е незадоволна од донесената одлука на судот и ќе поднесат сериозна жалба. Притоа адвокатот
Дангов рече дека Судот немал основа да изрече осудителна пресуда, туку пресудата требала да биде ослободителна.

„Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која со леснотија ќе го победеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. Не само тоа, но да донесе ако милуваше така, одбивателна пресуда. Од причина што не постојат услови за кривично гонење на ниту еден од обвинетите. Сигурно сме незадоволни и ќе вложиме сериозна жалба против ваквата пресуда на овој суд“, истакна Димитар Дангов, еден од адвокатите на одбраната.

Дангов рече и дека отсуството на Груевски од изрекувањето на пресудата била „лично право“.