вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Не сакала заедно да гледаат телевизија, па ја претепал

Л.Л. му рекла дека е уморна и ќе оди да гледа во друга соба, по сопругот ја фатил за коса и почнал да ја удира со боксови и шлаканици во пределот на главата и лицето, ја турнал на подот и повторно ја удирал.

полиција

Последни вести

Во полициската станица – Аеродром синоќа во 21:00 часот Л.Л. (43) од Скопје, пријавила дека околу 20:45 часот во дневната соба во семејниот дом, што ја користела додека траела бракоразводна парница, влегол нејзиниот сопруг И.Л. (46), со намера да гледа телевизија.

Л.Л. му рекла дека е уморна и ќе оди да гледа во друга соба, по сопругот ја фатил за коса и почнал да ја удира со боксови и шлаканици во пределот на главата и лицето, ја турнал на подот и повторно ја удирал.

Таа успеала да излезе надвор и да побара помош, а  И.Л. излегол по неа и со рака и ја притиснал устата за да ја спречи да вика. Во тој момент дошол нивниот син и го отурнал од неа.

И.И. влегол во домот и излегол со палка во раката, но кога забележал дека го гледаат соседите, ја фрлил палката во дворот и влегол во куќата.

Л.Л. се јавила на лекарски преглед во ГОБ„8-ми Септември“ каде и биле констатирани телесни повреди. И.И. бил повикан во полициска станица Аеродром и со истиот бил извршен  разговор и  се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести