Не само за бикини: Еве зошто треба да вежбате

Иако од разни страни се обидуваат да ве убедат дека доаѓањето на летото и облекувањето бикини е главна причина зошто треба да вежбате, потребно е да биде свесни дека постојат многу поважни причини од бикините. За да ги држите килограмите под контрола и да бидете во добра форма, ова мора да го знаете. Ако редовно вежбате …

Ќе спиете подобро

Од оние кои редовно вежбаат, само 17 отсто имаат проблеми со спиењето, додека речиси половина од оние кои не вежбаат имаат лош сон.

Ќе бидете попродуктивни

images (2)Се лажете ако мислите дека, ако само малку скратите од работното време за да се посветите на вежбање, ќе сработите помалку. Напротив, они кои земаат два ипол часа неделно од работното време и активно вежбаат, на годишно ниво ја зголемуваат својата продуктивност.

Мозокот подобро работи

Моменталните бенефити од вежбањето се зголемена циркулација, што директно влијае на подобра работа на мозокот, човек се чувствува побудно и одморено. На долга патека гледано, на овој начин делува превентивно на настанување деменција и други конгитивни потешкотии кои обично доаѓаат со годините.

Го намалува ризикот од дијабетес

Жените кои неделно се потат 150 минути и 60 минути неделно прават вежби за јакнење на мускулите имаат помал ризик од појава на дијабетес тип два. Дури и пешачењето се смета. Оние кои ќе направат 3.500 чекори дневно исто така се чуваат од појава на ова images (5)заболување.

Ќе живеете подолго

Редовното вежбање е во блиска врска со бројот на прославени родендени. Само 15 минутно вежбање дневно може да направи големи разлики – може да ви додаде уште три години живот.

Се намалува бројот на отчукување на срцето при мирување

Што повеќе вежбате, така станува појаки. Брзата работа на срцето во состојба на мирување може да предизвика разни сериозни заболувања.

Сексот ќе стане подобар

Овде повторно улога има брзата циркулација. Мажите меѓу 18 и 40 години кои редовно се занимаваат со фискултура, се заштитени од еректилна дисфункција

Без синдром на немирни нозе

И вам сигурно ви се случило со денови, па и со месеци да не можете да седите мирно, туку постојано ги поместувате нозете и не знаете што да правите со нив, што внесува некоја чудна нервоза. Станува збор за т.н. „синдром на немирни нозе“ што може да биде imagesизразен особено пред спиење кога ќе легнете.

Добро е за видот

Уште една корист од редовното физичко вежбање е помал ризик од појава на глауком. Оние кои умерено вежбаат во текот на 15 години имаат дури за четвртина помали шанси да добијат глауком.

Мигрената се намалува

Вежбањето делува како терапија за опуштање, што ги чини нападите на мигрена поретки.

Се јакнат коските

Коските се сочинето од живо ткиво, слично на мускулите, кое може да се зајакне. За јакнење на коските се препорачуваат активности со носење на товар. Пливање или возење велосипед не се од толкава помош, кога станува збор за коските, како и пешачењето, џогингот и вежбите за јакнење на мускулуите.

images (4)Помалку инфекции

Благодарение на тоа што редовно вежбате, можеби ќе бидете единствени во канцеларијата кои нема да фатат грип секој сезона. Затоа што физичката активност го јакнење одбранбениот механизам.

Го намалува ризикот од тумор

Значајно се намалува ризикот од заболување од рак на цревата, а некои студии покажале дека вежбањето во тинејџерската доба и
раната младост може позитивно да делуваат ка превентива до тумор на дојка.

workout_bike_640

Ќе бидете помалку депресивни

Вежбањето не е комплетно излекување, но може да помогне да се олеснат некои симптоми на ментално заболување. Кај они кои имаат дијагностицирана депресија, хемикалиите кои се лачат по физичката активност носат поубаво расположение. А, како они со благо умерена депресија, вежбањето дури може да ги замени лековите.