Не се совршени како што мислевте: Фотошоп тајни на Викторија сикрет

Каква врска има најпопуларната алатка за уредување фотографии со градите на моделите, коските или пак со влакната?

На сите ни е јасно дека фотографиите на рекламните кампањи и не се најверен приказ на стварноста. Но, дали некогаш сте се прашале колку во таа приказна има улога Фотошопот? Ако може да им се верува на поранешните вработени на Викторија сикрет, тогаш Фотошопот е главен.

Една поранешна вработена во модниот бренд  анони но признала дека графичарите често се играат обработувајќи ги фотографиите на моделите за да ги доведат до совршенство.

Ако може да се верува на тоа наводно признание, ова се Фотошоп тајните на ангелите:

На фотографиите слабите модели имаат округли и полни гради што стојат толку магично што обичните смртници изгледаат како тажни врби.

-Моделите носат пуш ап градници под костимот за капење па ние потоа го отстрануваме со помош на Фотошоп. Особено ако се во прашање костимите за капење без потпунки. Физички е невозможно градите така да стојат. Потоа градите компјутерски се корегираат, односно се зголемуваат, објаснува изворот.

Освен тоа, моделите се дотеруваат со помош на додатоци за коса, еден куп шминка, а на крајот и нивните коски се бришат. Наводно се испоставило дека потрошувачите  бараат слаби жени, но не сакаат да ја видат реалноста на таа слабост.

На крај, она што најмногу ве измачуваше… Не сите тие преубави модели не се родени без влакна. И тие се борат со нив, но за среќа го имаат Фотошоп за да им помогне…