Не се употребени водени топови во протестот – Соросовите портали манипулираат

Опозициските портали финансирани од Фондација СОРОС продолжуваат со манипулации да известуваат за вечерашниот партиски и политички протест пред владата, кој резултираше со судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Вечерва почна да се спроведува црното сценарио на Заев и СДСМ за дестабилизација на Македонија. Вандали од редовите на СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата и ја демолираа фасадата и прозорците на владата.

Според информации на порталот „Курир“, не се точни пишувањата на соросовите портали дека во нередите пред Владата се употребени водени топови кон насобраните партиски активисти на СДСМ, туку станува збор за дел од нивното сценарио на ширење на лаги и манипулации.

Информациите од терен говорат дека се повредени повеќе полицајци од кои еден има потешки повреди. Покрај тоа демолирана е фасадата на Владата и неколку прозорци, имот за кој платиле сите граѓани. Меѓу оние кои протестираа можеше да се видат стандардните лица кои се редовен декор на сите протести на СДСМ и СОРОС.

Протестот не помина без Ана Павловска Данева, Софија Куновска, Бранко Геровски, Сафет Бишевац, Дејан Гацов, Дејан Гзе советникот од Центар, портпаролката на Жерновски Катерина Цаневска Арсовска, Ѓунер Исмаил и други.

СДСМ се обидува да го спроведе сценариото за насилни протести и Пуч на легитимно избраната власта со случај за кој Игор Спасов е осуден на 14 години затвор.