Не се знае од што починало девојчето на Инфективна

Се уште не се знае од што починало дванаесетгодишното девојче од Прилеп, кое вчера било донесено на Клиниката за инфективни болести.

Девојчето било примено во тешка здравствена состојба со пролив, повраќање и намалена телесна температура.

Лекарите четири часа безуспешно се обидувале да го спасат девојчето.

Семејството не дозволило да биде извршена обдукција на телото, па затоа ќе се анализира само крвта која била земена пред да почине девојчето.