Не се „Ѕвезда“ и „Партизан“: Со Србија владееле „Манчестер“, „Барселона“ и „Баерн“!

Премиерите на Србија често сакаа своите кабинети да ги споредат со фудбалските гиганти. За пример ги земаа великаните од Англија, Шпанија и Германија.

Во Србија со воведувањето на повеќепартискиот систем, до сега имаше десет Влади, а Александар Вучиќ ќе биде единаесетиот премиер на Србија од 1990 година па се до сега. Но малкумина лица знаат дека со државата управувале фудбалск гиганти, како „Манчестер јунајтед“, „Барселона“ и „Баерн Минхен“.

Идниот премиер на Србија, Вучиќ најави дека сака неговиот кабинет да работи како добро уиграниот тим „Баерн“, без големи ѕвезди.

„Треба да направиме Влада што ќе функционира како тим, што можеби не мора да ги има Меси и Чави, туку Влада како ‘Баерн’, што има извондреден тим. Во тимот има одлични поединци како што се Рибери и Крос“, изјавил Вучиќ во интервју за „Дојче Веле“, пишува српски „Телеграф“.

Foto: Milena Đorđević

Ова не е прв пат српски премиер да го споредува својот тим со некој светски гигат од светот на фудбалот.

Убиениот премиер на Србија, зоран Ѓинѓиќ во интервју за „НИН“ во 2002 година го споредил својот кабинет со фудбалскиот гигант од „Олд Траорд“.

„Владата е како ‘Манчестер Јунајтед’. Непозн ати играчи треба да му платат на ‘Манчестер’ за да играат во него, бидејќи после тоа тие ќе станат познати. Сега секој министер влегува во својата кариера и о својот рејтинг. Јасно е дека пет-шест министри кои овде го реботат еконоскиот дел, кога ќе завршат со работата во оваа Влада, ќе можат во светските корпорации да добијат место што никогаш не би го имале“, рекол Ѓинѓиќ.

Foto: Profimedia/Corbis

Премиерот во оставка, Ивица Дачиќ своевремено за својот кабиет рекол дека функционира као великанот од Каталонија од Камп Ноу.

„Ние сме како барселона“, рекол низ шега со новинарите Дачиќ.

Foto: Tanjug/Rade Prelić