Не сме рамноправни со Заев, тој е трипати помилуван за криминал

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се на ТВ дуел на МРТ.

Првата тема за која ги судрија ставовите е внатрешна политика, реформи во судството.

Заев говореше за транспарентноста на судските слчаи и постапки.

-Реформите верувам дека правно, формално ќе ги средиме со законите, но нивната имплементација зависи од луѓето, рече Заев.

Мицкоски одговори дека македонскиот премиер е три пати помилуван и дека затоа се нерамноправни.

-Неговото искуство вели дека три пати е помилуван за криминал. Еднаш од страна на поранешниот претседател на државата, за познатиот случај Глобал. Вториот пат од страна на СЈО за случајот Пуч и еве сега гледаме на очиглед на јавноста, кога се обидоа да не претстават како слепи и глуви, дека тоа што го слушавме не го слушавме и тоа што го гледавме дека не го гледаме. Во отсуство на транспарентност и јавност,  ни беше ветувано дека ќе бидат пуштени сите тие снимки, видовме дека тоа не се случи. И на крајот од денот, сега премиерот, а тогаш градоначалник на Струмица доби ослободителна пресуда. Јас не сум имал такво искуство во животот и навистина споделуваме различни вредности од тој аспект, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на лидерот на СДСМ дека независноста во судството е клучна реформа, а не транспарентноста. Според Мицкоски, судството никогаш не било позаробено од денес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.