Не стигна да ја ожени љубовта на животот – загинаа прегрнати

Кристијан Фазлија (20) и неговата девојка Исидора Демири (19) не успеаја во својата намера да се венчаат по нивната четиригодишна врска. Двајцата вчера починаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Ресеник, во близина на Белград.

2

Со нив во автомобилот биле и Даниел Доминиковиќ(22) и Сеад Круези(20).

1

До страотната сообраќајка дошло кога возач на камион со турски таблички најверојатно заспал зад воланот, прешол во спротивната коловозна лента при што на него налетало „реното“.Само едно лице успеало да преживее, но се наоѓа во критична стојба. Возачот на камионот не е повреден, но полицијата го привела поради предизвикување на сообраќајката.