Не сум ја покачил платата, вели директорот на „Улици и патишта “

Платата не ми е 1.700 евра, туку станува збор за плата за две месеци, односно за половина месец ноември и месец декември, вели Сенад Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“.

Партијата Левица викендов објави документ со пресметка на плата и тврдење дека Смаиловиќ си ја зголемил платата од 1.000 евра, како што била на претходните директори, на 1.700 евра.

Смаиловиќ вели дека документот е за исплата за две месеци, а не за еден како што тврдат од Левица.

Откако дојдов на функција затекнав состојба на доцнење на плати. Веднаш направив напори да се исплатат заостанатите плати. За два месеци, односно за ноември и декември беа наеднаш исплатени платите на сите работени, вели Смаиловиќ.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.