Не треба извештај да се видат новите работни места, фабриките и инвестициите

Не треба извештај да се видат новите работни места, фабриките и инвестициите
Не треба извештај да се видат новите работни места, фабриките и инвестициите

Република Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кој ќе биде заслужена верификација на се она што до сега е направено и што ќе се направи, рече премиерот Груевски.

-На нашиот народ му е јасно се и нема никаква потреба од дополнителни објаснувања за се она што се случува. Во овогодинешниот извештај според она што го гледаме, констатирано е подобрување во  економијата, поле на кое како влада посветуваме најголем фокус и енергија, и што најдобро може да се почувствува и види и без посебен извештај, доколку се погледне бројот на новоотворени работни места, новите фабрики и инвестициите во капиталните инфраструктурни проекти. Владата на Република Македонија, темелно ќе го проучи и анализира Извештајот на Комисијата. Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, и ќе бидат преточени во конкретни дополнителни мерки при ажурирање на Владиниот Акциски план за итните реформски приоритети и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Ефикасната реализација на овие два документи останува да биде приоритетна задача на Владата.  Што се однесува до наметнатите грчко – македонски разлики околу името на Република Македонија, ја повторуваме подготвеноста за водење на интензивен дијалог за изнаоѓање на решение во рамките на меѓународната правна рамка дефинирана од Обединетите нации и Меѓународниот суд на правдата. Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Времето покажа дека одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого, но важно е да се истакне дека било какви непропорцинални и неконвенционални условувања нема да придонесат во изнаоѓање на решение за било кое важно прашање за нашата земја, додаде премиерот.